С` повеќе фирми во Македонија користат или се заинтересирани да добијат средства преку Македонската банка за поддршка на развојот. Министерот за економија Ваљон Сараќини најавува дека се вршат преговори и наредната година да се обезбеди истата кредитна линија. Владата од Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди приближно 100 милиони евра за оваа година и досега веќе се реализирани 78 милиони евра, а другите 22 милиона евра ќе бидат реализирани до крајот на годината. Веќе сме во преговори со истата банка за следната година да ја обезбедиме иста кредитна линија. Директорот на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), Драган Мартиновски, посочи дека во овој момент се обработуваат кредитни барања во висина од 6 милиони евра, кои се очекува ЕИБ да ги одобри во текот на август, а компаниите ќе може да ги користат од септември годинава.
С` повеќе фирми во Македонија користат или се заинтересирани да добијат средства преку Македонската банка за поддршка на развојот.
Министерот за економија Ваљон Сараќини најавува дека се вршат преговори и наредната година да се обезбеди истата кредитна линија.
- Владата од Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди приближно 100 милиони евра за оваа година и досега веќе се реализирани 78 милиони евра, а другите 22 милиона евра ќе бидат реализирани до крајот на годината. Веќе сме во преговори со истата банка за следната година да ја обезбедиме иста кредитна линија - изјави Сараќини.
Директорот на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), Драган Мартиновски, посочи дека во овој момент се обработуваат кредитни барања во висина од 6 милиони евра, кои се очекува ЕИБ да ги одобри во текот на август, а компаниите ќе може да ги користат од септември годинава. Станува збор за две кредитни линии, првата подолгорочни инвестиции за набавка на опрема, уреди, машини и слично со рок на отплата до осум години и грејс-период од две години и втората за обртни средства со краен рок од три години и грејс-период од шест месеци. Kаматната стапка е многу поволна и изнесува 5,5 кредитни поени.
Сараќини се пофали дека до мај годинава забележан е пораст кај странските туристи од 25 отсто, а кај домашните тој се движи околу 11 проценти.
- Ние не се задоволуваме со овие податоци за порастот на туристите бидејќи како Влада сметаме дека Македонија има голем потенцијал за да стане атрактивна туристичка дестинација. На овој план треба да се преземат дополнителни мерки како инвестициите за подобри патишта и за оние што престојуваат кај нас, како и за оние што транзитираат. Субвенциите во оваа сфера што ги почнавме пред две години во висина од 60 милиони денари или 1 милион евра веќе ги даваат резултатите и размислуваме за проширување на списокот со земји што можат да аплицираат за овие субвенции - рече Сараќини.
Министерот Сараќини заедно со директорот на МБПР, Мартиновски, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Kучи, вчера ја посетија пекарницата и мелница „Пекон“ во селото Челопек, во општина Брвеница, која е корисник на два кредита во висина од 250.000 евра наменети за модернизација на производството.